ПРОЕКТИ ОД МУЗИЧКАТА УМЕТНОСТ

ВОЛФГАНГ АМАДЕУС МОЦАРТ

Picture
Моцарт ( 1756-1791 ) е голем австриски композитор и  автор на повеќе музички дела. Се смета за еден од најголемите композитори на европска класична музика. Роден е во Салцбург на 27 јануари 1756 година. Се служел со ноти уште пред да научи да чита. На четири години почнал да компонира. Негови најпознати дела се оперите „Волшебната флејта“, „Свадбата на Фигаро“ и „Дон Жуан“.
Починал во Виена на 5 декември 1791 година. На денот на погребот, Виена не му се оддолжила на човекот кој нејзиното име го прослави во светот.