ПРОЕКТИ ОД МУЗИЧКАТА УМЕТНОСТ

Интервју со професорката Лиле Булоска

Picture
Интервју на тема Моцарт направивме со професорката Лиле Булоска од Основното музичко училиште ,,Методи Патчев" од Охрид . 


Дали вашите ученици свират композиции од Моцарт?
Да, свират.

Од која возраст почнуваат да ги свират композициите од Моцарт ?
Од второ оделение.


На кои инструменти најчесто ги свират композициите ?
На пијано и виолина.

Колку треба да вежбаат ?
Индивидуално е, но треба секој ден да вежбаат.

Кое ви е омилено Моцартово дело?
Реквием.

Како вие ја доживувате музиката на Моцарт?
Многу ја сакам бидејќи е ведра.